напукнат прид.
напукне св.

напукнат (прид.)

Ѕид - студен и сив како есен; во напукнатиот ќош, среде танки нишки на заплеткана пајажина, се скаменил црн, влакнест пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Полицаецот сташно мрдна со мустаќите и го повлече за ракав старецот; на овој му паднаа напукнатите очила рамно под тешката стапалка на писарот кој потскокнуваше и мавташе со раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Меѓу сурово напуканатите стебла бавно се влечеше ситен, подгрбавен човек.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Низ напукнатите ѕидови навлегуваа густи редови мравки. Лазеа по собата и се движеа преку мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јазикот и грлото му беа сосема суви. Го болеше напукнатата уста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу сурово напукнатите стебла бавно се влечеше ситен, подгрбавен човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ударите на нивните чекани густо јачеле со безживотност на напукнати ѕвона. Површината околу линијата се ронела парченце по парченце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од нивните напукнати души се цедела на секој чекор супстанцата на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Офелија го смета Хамлета за луд, вели дека “благородниот, возвишен ум сега наликува на напукнато ѕвоно”, а потоа и самата запаѓа во лудило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Хи-хи-хи!“ - се зачу напукнатиот звук на девојкиниот глас, но во него се слушна нешто налик на убод со игла, „Хи-хи-хи!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ѕиркаа смарагдните зрнца од напукнатите калинки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некои од куќите се обновени, други во тек на обнова, но има и куќи со напукнати ѕидови, вдлабнати покриви, искривени оџаци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)