нареди св.

нареди (св.)

А не знаат, кутрите, што зборуваат дека на три јазика Бог наредил да се пишуваат книги, како што пишува во евангелието: „И имаше штица напишана на еврејски, римски и грчки.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Реков бре, брате, ќе се подрасправи додека каснеме и дојде за излегување, а тоа и не мисли да престане. Си нареди цела педа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таму, еден нашинец — терзија ми направи минтан и сиве овие ги нареди внатре.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За тоа нема да се мешам и да им наредувам која.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во осветлениот излог, нареден со лозови и стотки, лежеше табла со златни букви - и ти можеш да станеш милионер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Така, пак. Стојко, да не клаваш цела недева чаша во кандивото, нека седи темница, да видиме дали ќе му дојде умот на вој наш светиа да а варди сермиата!— му нареди на маѓерот Стојка кој водеше сметка да не остане „сајбијата“ темница.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Доста со помошта на стрина Маловица, наредила дома за пречек.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Крчмарот нареди десет чаши на влажното тезге.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Така е, брате. Каков што го наредил господ животов таков тој и ќе биде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога ја дотераа и неа сејмените од црквата на сретсело пред кадијата, овој ја виде, таа го заслепе со својата убавина, та му нареди на својот буљукбашија Суљо-ага да ја однесе жива на конакот во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се успокои Суљо и нареди тргнување, но на самиот мост прати двајца на педесетина метра растојание од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа веднаш му нареди на гавазот да го викне буљукбашијата на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Поетични пцости наредени густо и истрелани од откочен шаржер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги симна полека штиците, ги нареди на скелето и така испотен и задишан, без да здивне му се сврте на работникот и му рече со зарипнат глас: - А ти зошто навредуваш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И Мишко и Бојко брзо истрчаа па и тие се извалкаа во својот двор. Покрај оградата тие наредија десетина човеци.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во следниот момент Бахтијар-паша нареди во борбата да влезе и анадолскиот полк, артилеријата да почне од сите топови да го бие градот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Луков ги испраќа до вратата, Иван го става револверот во џебот и се наредува зад Младичот. Овој не подозирајќи ништо, излегува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК