наркоман м.
наркоманија ж.

наркоман (м.)

Токму во овие загрозени слоеви противмерките како што се образованието и лекување на наркоманите даваат најмалку резултати, а општествените мерки и можностите за позитивни промени се најслаби.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
22.00 Чешањето е знак кој често ги идентификува наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинување на забраната секако не би преставувало идеално решение, но би овозможило намалување на трошокот на кривично гонење, би се окончал сѐ поголемиот број апсења и затвори, би се намалила смртноста меѓу наркоманите, искушението во кое се доведуваат малолетниците, и би се намалила големата стапка на криминалот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За власта долго време беше само дилер и наркоман кој во пијана состојба си ја убил жена си и родениот син го одвел во смрт од дрога.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А како наркоман и дилер ги запознал и затворите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вревата во големите градови речиси ме полудува. Прави панично да трчам по улиците барајќи го мирот во некое скриено ќоше за кое знаат само уличните кучиња, бездомниците и најочајните наркомани.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Лист по лист грам по грам во муграта видов нов наркоман од темни зори трава тој витка до бели мугри жарчиња џитка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
В подрум одам мајче, в подрум шетам секаде млади мајче наркомани гледам аманаман мајче аманаман го најдоа Трајче мајче сам во апартман Сам во апартман мајче, сам во апартман со шприц во рака мајче Трајче предозиран дилери фрчат мајче на секое ќоше у лошо друштво мајче го видов и Тоше Кај Мирко пaлицрква на техно мајче одат па кркаат табли и во вена се бодат аманаман мајче од ужас и страва целиот град е мајче завиткан во трава
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во негово маало немаше здрави сите другари му беа наркомани од дома добиваше пари да јаде но сиот џепарлак за ганџа го даде
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Наркомани, педери, лезбејки, запознав професионални курви или модерно кажано, спонзоруши и сѐ така до опасни бизнисмени и мафијаши.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК