нарушен прид.

нарушен (прид.)

Гил ван Брусел, начелник на Одделението за наркотици при Министерството за здравје во Амстердам, смета дека ваквиот пристап претставувал клучен фактор за успехот на холандската политика: „младите можат да ја купуваат дрогата во кафулињата и да видат дека е релативно безопасна. Тие исто така можат да видат дека здравјето на уживателите на јаките дроги е сериозно нарушено“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мене ме збунува нешто друго. Ме збунува некоја несинхронизираност, нарушена врска помеѓу емооционалната реакција и она што ја предизвикало реакцијата, некој ефект на шинати емоции, inappropriate emotions, којзнае што...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сашхен - висока дама, чија што мила лика беше помалку нарушена од бакенбарди, тивко се насмевна и се напи со мажите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ќе ги закопавме плачевме вистински, зашто нешто нѐ тераше, зашто бевме многу мали кога ни беше нарушена детската игра и детската фантазија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Спокојот во којшто лежеше скоро згрутчениот облак смог конечно е нарушен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мајка речиси никогаш не била во средиштето на нарушената тишина во семејството, секогаш беше некако скраја, да нè подзадржи на работ од животот, да нè понесе, а сега таа сакаше да замине сама преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзе секогаш рацете ѝ биле студени, не сакав да помислам дека тоа е резултат на сериозно нарушеното здравје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа настојуваше, колку што имаше моќ во тоа кревко тело, измачено од раѓањата, од преселбите и од приспособувањата на новиот живот, но раководено од силниот дух, да стигне секаде, и в куќи, но и на првото работно место во киното „Балкан”, и да се грижи за нарушеното Татково здравје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нарушената безбедносна состојба бездруго ќе ги „седне“ него и неговите најлути противници во иста влада, а набргу потоа и на иста маса со албанските партии и со „олеснувачите“ на дијалогот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лицето на Господ Бог, во неговите темни дворови, се замагли, зашто рамнотежата на слога со сопствената околина беше нарушена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нивната нарушена безбедност предизвикува страв кој пак, го доведува до душевна слабост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Едгар Морен, оваа состојба на месијанска идентификација на вечниот суверен со правото на владеење над судбината на народот, овој вид на делириум во владеењето, го толкува како нарушена психолошка визија на суверенот, блиска до митската интерпретација на власта од страна на вечниот владетел, особено во годините на залезот на животот, кога конечно смета дека власта која ја има му иде од далеку и оти му е доверена од бога и дека само пред него треба да одговара!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие успешно бродеа во океанот на југословенските разлики, сѐ додека не беше нарушена нивната релативна хармонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затоа сега беше обземен од помислата дека нешто основно, нешто цврсто и пристојно беше нарушено; од дејството на нешто друго, чистото во него беше изгнасено; неговата духовна и морална доблест, всушност срцевината на неговото битие, беа нападнати и ограбени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мојот брат, не дозволи да им бидат нарушени очекувањата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во меѓувреме, таа прави напори за да преговара со газдата, но до тоа не можеше да дојде во реалноста – бидејќи меѓучовечките односи во претпријатието одамна беа нарушени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со тоа што во овие вежби е највообичаена и најголема замка, веќе ги имав нарушено правилата на играта.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
2.  Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3.  Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие слушаат лоша музика јадат нездрава храна, имаат нарушен биоритам и не следат културни случувања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Меѓутоа, според Татко, балканскиот трагизам и проклетство се јавувале како последица на нарушениот соживот помеѓу муслиманите и христијаните, кога најубавото одеднаш се претворало во најгрдо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе