насади св.
насад м.

насади (св.)

8 песна Крај Галичник постои ритченце малечко свето врби насадено сето.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Исто така Бугарија со својата искусна дипломатија нѐ поддржа…! 5/ за хранењето на избеганите Македонци во Бугарија и како најголема награда за името Бугарин што го насадија кај нас, ни покажаа барем да знаеме кој е причината за сите наши несреќи, а тоа била…Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа име сега вештачки се поддржува во Македонија, како што и се насадува таму во најново време името Србин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите ние сме несреќни. Сиот овој проколнат свет тука и надвор е криво насаден, невозможен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Апостол Макаровски ќе се поднагали сосила и некои црвени облачиња ќе почнат да му врват преку лицето, насадено со болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашиот сосед имаше голем двор насаден со овошки: јаболки, дуњи...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ќе ти го насадат јајцето и оди после чуди се, квачи го со месеци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Апчо, Клапчо и Шљапчо веќе беа насадени на три барски столици, со гајба пиво пред нив, што рамномерно се празнеше.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Реков: само еден мост. Го поминавме ли мостот, ќе ти се насадат љубителите на играчки како мушички на шербет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Зимата ја насади својата бела капа на врвот на Водно, а студениот здив ѝ допираше до дојденците во недоправената зграда на крајот од градот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Знаеш, луѓето што страдаат од хронична глад се криво насадени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го спуштија во гробот на татко му. Под сливата што тој ја насади за Митре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И, додека гледам како под фолии насадил цели леи вртипоп, нане, босилок, мајчина душичка, тој ми покажува дека има и сушилница за билките, горд на производството и на погонот за пакување: маса на која една жена од ѓутуре ги меша сувите растенија, ги мери на кујнска вага, ги пакува во теглички и им лепи декларации.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК