наскока св.

наскока (св.)

Откако се наигра, наскака и се издиши од тригодишниот товар, Крле го зеде магарето од сестра си Бисера и заедно со притропот Петрета тргнаа долу Цулевата улица да ги товарат багажите од попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите пет беа еден круг од секој миг готови да наскокаат, притивнати дивинки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наскокнаа да го погледаат уште еднаш штом го чуја како се оддалечува, наскокнаа сите барем така да го испратат, се наредија на сите отвори од бараката и гледаа по тој темен човек под сината месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)