натпревар (м.)

Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И стана ироничен: а јас сум само пламенен навивач во еден натпревар. Пасива на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога запролети тие двајца знаеја да го затворат своето дуќанче и во неделните попладниња да заминат на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прегрнуваа тогаш и се пуфтаа по рамената, како две разбеснети живинки, врескајќи притоа насилно од сите други нивни врескања на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И навечер заспива како претепан, зашто, мајко моја! – цел еден ден поминал во натпревари!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Натпревар на спанковците На париските часовници веќе е седум но Жан Жак не сака да стане, да се обува, да се мие. Жан Жак во ова утро главата под јорган ја крие.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Стотина очи го следеа натпреварот на детето со смртта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стојче заработува добро. Постојано игра на прогноза за натпревари со коњи, кои се одржуваат на еден од блиските хиподроми до Сурен, на „Лонгшан“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ние сите ќе одиме на натпреварот, рече Саздов. Ќе ги бодриме нашите! ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Влегувае во лудиот натпревар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие веќе подолго време ме беа чекале, зашто без мене натпреварот во фудбал не може да почне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По тренингот на подмладокот започнува натпреварот меѓу екипата од седмите и екипата од осмите одделенија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да не биде после погрешно разбран како поле за културен натпревар.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Наместо да укажуваат на келтското потекло на населението кое Германија го присвоила, наместо да се впуштаат во филолошки или етнографски натпревари, на своите соговорници тие веднаш им допуштаат дека Алзас е германски според јазикот и расата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Германскиот поет ангажирано молчи, како да учествува во локалниот натпревар “Седум дена досада”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„Маргина бр. 36“ (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК