начека св.

начека (св.)

А Мартин долго по ова се држеше на страна од сите деца во селото, зашто ретко кое да не начекаше момент и одненадеж да му викне: - Јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сигурно се плашеше да не го начекаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Паметиш ли, - му рече стрико Настас на деда Лика, - кога нѐ начека Луман во коријата над Бистар кладенец?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некако стана и го избегна новиот напад. Така успеа отстрана да го начека противникот и да го фати со забите за врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Идеше кон него, како виулица, начекувајќи го во единствениот миг, кога тој не беше сосема спремен да го пресретне и тоа беше една можност, со која што оној се ползуваше, а тоа беше нешто, што си беше сосема во правина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стана без да му даде да го здивне, начекувајќи го во единствениот миг од тој ден, кога тој немаше во себе доста сила за сѐ, што требаше притоа да стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме начека, ѝ зборуваше, а сега ќе видиме кој ќе надваса.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денеска го начека дома и му свика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И во темницата само него го здогледувам: стои пред српските војници (на едни им клисна, други го начекаа) и постојано прашува: - Зошто, каде, како?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А не се ѓибаме и на изворчето. Тие дошле да наполнат вода, а ние одиме да полниме. И ќе се начекаме, се гледаме напорки, ама не се ѓибаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас му ја држам дланката до гушата, му ги начекувам капките што му се враќаат од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Размислуваше да го начека кога оди в поле на работа и од скриено место со пиштол да му пука. Но каде да најде пиштол?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еднаш ме начека на тесно, што се вели, ми го препречи патот и — нема бегање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На петиците ти се поткрева телото, а на прсти ти паѓа, се начекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната дланка ќе трга, а со другата ќе начекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така успеа отстрана да го начека противникоти да го фати со забите за врат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Другпат Бонети пак ја начека кога таа излегуваше од дома со стомните да наполни вода на чешмата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Човекот со црна креста на темето избегал крстејќи се во скокови зашто мислел дека и него го демнат како тој самиот што демнел и што го начекал дојденецот со превивка преку едното око доколку не верувал во подгробни сили како, малку подоцна, што можел да се вангелоса и Лозан Перуника: во дворот на манастирот видел трепетливи пламенчиња што се движеле кружно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Фиданке, дојдов. Штама, во селото како да немало пци. И пак извик. Погласен. (А ти, Арсо, начека село без кучиња!)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што е најчудно, наместо да побрзам и да излезам онака на отворено, кон Клубот на пратениците, јас стојам на најпогодното место да ме начекаат. Како да си го барам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК