наштети св.

наштети (св.)

Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, да се прави сѐ што не може да му наштети на другиот е право што е очигледно и е веќе посветено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше веројатно да ме предупреди дека секое понатамошно задржување може да ми наштети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори.  Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Сега во џебот носам кибрит, во него се крие оганот, а од оганот се плашат сите лоши нешта: болестите, несреќите, злите духови, па не можат да ти наштетат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Никому не ќе му наштети новиот редослед на спомените Зборувај за длабокиот снег за твоите уморени очи За сонцето што некогаш одамна зајде
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа се подскриваше под превезот на шегата, зашто тоа никому не носеше зло, никому не му наштетуваше, а така најлесно може да опстане, во услови во кои болката вирееше до суровост, до границите на свирепоста на и потаму од тоа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се надевам дека оваа опсервација нема да ви наштети ниту вам ниту на вашиот преведувач!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не бев со нив кога ги собраа и одведоа, затоа и не можам да не се чувствувам виновна за нивната смрт, па иако јас, лично, го избегнав тешкиот прст на судбината поради околности кои не можеа да им наштетат на жртвите", си спомнуваше таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ете, си реков, некој сака да ѝ наштети на мојата четиригодишна сериозна љубовна врска, преку симболот на скинатото синџирче, ама што е пак сега симболиката на memory stick-от?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се надевам дека театарот знае колку треба да се инати за да не си наштети на растот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сега оваа куќа во очите на Климент Камилски стануваше историска зашто во неа требаше да се водат големи битки за спасување на балканските јазици од задржаните османизми кои можеа според неговото убедување да им наштетат на балканските народи, кои најпосле добија свои држави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)