најаве (прил.)

Бегајќи од шумот на твоите врсници, често нешто во мисли те влече: во сонот ги гледаше битките, а најаве место играчки — имаше мечој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Полното отцепување на Македонија од балканските државички во етнографски однос ќе исплива најаве со успокојувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Долгоподготвуваното и многуочекуваното востание најпосле излезе најаве.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми е чудно зошто толку сум рамнодушна во сонот, а најаве не сум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа глетка ја гледам и најаве и во сон и мислам дека никогаш нема да успеам да се ослободам од неа и од прашањето: од каде ли толку дива и фанатична, слепа и студена, жестока и јаросна омраза и толку дивјачка жед за убивање?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На сон почна да му се јавува затворот, а од ноќните соништа, како некој определен ужас, затворот минуваше најаве и му ги труеше деновите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И се загледа во некаков сон - небаре најаве...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Лош сон сме сониле... Најаве сме сониле...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Сме сониле еден сон? Или не бил сон туку најаве?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)