неверен прид.

неверен (прид.)

Ако си Тома, не биди неверен Тома.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мајка ми да ме жале и дури ѝ гледат очите, либето да не ме жали, оти ми беше неверно.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Секогаш и секаде беше прв во борбите со неверните и секогаш излегуваше победител, благодарејќи на вакви како Арслана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Времето е нешто неверно, се буричка, може да ме излаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На тоа си мислеше трчајќи накај дуќанот Тимонов и дека како и други Власи и Тимон може да биде неверен но дека за атер на Максима ќе го земе во одбрана, ако не е таму Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2. Не гибај во Животот - Живот е И темен и чемерен, верен И неверен, со смртта е.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Секако дека тоа не е сериозно прашање, зашто нè вознемирува откако нашите очи станале неверни, значи барем од предсократовците наваму, иако ја добива својата вистинска острина дури на почетокот на новиот век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мажот може, а неверната жена ја стрижеле до кочан, ја качувале на магаре, ја удирале со дрвен чекан по глава, како во оној филм.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Камо да се стори! Значи, може, си мислат тие, и да не се стори. Ех, неверни Томовци!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа постојано се видоизменува, потсетува на неверна жена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веројатно, не си верував во очите. Очите, велат, биле неверни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како второ обвинета, според моите наоди во обвинието што го бев покренал беше неверната Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Всушност, во телеграмата останав неверен на самиот себе, ги импровизирав компонентите на вообичена средба која не содржеше некакви посебни содржини кои Управата и високото раководство можеше да ги очекуваат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ги сакам кујните дури и оние, што би рекол Хандке, во кои неверната жена вари мрсна супа за својот љубовник, во која љубовникот на неверната жена ја срка супата како да му е последно нешто што ќе го исрка во животот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Те прашувам, но, се прашувам и самата, како е можно скинатото парче „коприна“ да биде мерило за женската верност или неверност? - рафалите на Рада не престануваа, куршумите летаа на сите страни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе