неволја ж.

неволја (ж.)

Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Има такво нешто кај нашите борци: се дружат, залченце тврдо и отпушок делат, се бијат и се плашат еден за друг, но понекогаш во себе сакаат да ѝ се потсмевнат на туѓата неволја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зар во оваа сиромашна неволја, на крај на светот, ќе живее Глигор?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе го чујат звукот, па ете ти неволја. И туку го надушиле нашето гнездо. Така е тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И почнаа неволјите. Драган, кој беше главатар на сите деца од зградата, се доближи до елката и убаво го разгледа Дедо Мраз.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
О, и со тоа спиење! Какви неволји!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Тоа, колку да знаеш. Ако се најдеш во неволја и со овој трн можеш да преживееш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа и тој ден го снајде голема неволја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Малку повеќе дисциплина никому нема да му пречи. Со заедничка трпеливост и договарање оваа неволја полесно ќе ја совладаме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Слушајте, му реков, вие ме влечете во неволја, а и сами сте свесни за фактот дека сонот и животот се сосема различни нешта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Којзнае што ме натера ѓаволот. „Неволјата не оди сама, велеше дедо, не прави трошок за малку.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сон ко секој сон, вели, неволјата е што Сталин беше во сонот...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме превари: — Овдека и јас не сум сигурен, ми вели, што сте барале овдека? — Неволјата своја, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Чекаш некого“? Знаеше уште пред да одговори таа: слушнала дека е в село и го чекала да дојде, да донесе машка немуртеност и подивена душа од секакви неволји.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајстор Пивце дојде веднаш штом му кажавме во каква неволја сме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да не беше таа песничка, со сестра ми сигурно ќе имав неволји, оти таа знае и „на глава да ми се качи“ особено кога сме сами.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но луѓето не заминуваа, туку сѐ повеќе надојдуваа и го обградуваа училиштето и чекаа што ќе биде, како ќе се реши оваа неволја што ги снајде, овој спор, кој по пробивање на фронтот, се отвори меѓу Кралството на СХС* и Албанија: каде ќе припадне селото...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Западнав во голема неволја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Додека јас така уживам од самозадоволство во својот претседателски кабинет, Сатирот ја смислил работата и неволјата еве ја наидува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нашето место сега е токму овде. Ние мораме да учествуваме во неволјите што следат...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе