негде прил.
негде-годе прил.

негде (прил.)

Штом опасност видеше Кузман од негде, тој тешко мавташе оружје ледно. Во погледот - острина.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тој не бега, негде збор да не се чуе што бомбашот страшен исплашено бега, за надежта млада безразлично му е, не се плаши мртов да падне тој сега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Во шамија патлиџани, аман, аман, патлиџани, негде годе и пиперки, аман, аман, и пиперки...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лево на ѕидот е прикачена икона на св. Никола, пред која виси кандило, а негде понатаму голем дрвен солник, низалки суви пиперки и друго.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Десно од вратата на куќичката камен за седење, а уште понасреде, негде околу средината, голема и дебела црница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тие ги изнесуваат куќните предмети во дворот, ги трупаат под прозорецот, потоа ги товарат на грб и ги носат негде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Челото ми гореше а веќе знаев дека сум негде на границата на некоја болест. Не се разболев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев сигурен - се возбудуваше, сеедно што читав негде од средината на оваа книга без почеток и крај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Заправо, секаде каде што Турците сакаа Јован гледаше за себе да си направи разонода и да земе по некоја и друга бела меџудија; „за да ѝ купи на „посестримата“ локум, чешел, огледало, та дури негде такцуам и в'нени шамии".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Умот и лета негде Долно, негде Горно мало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зар да сум натажен, зар очај да ме фати што негде замина и може не ќе се врати?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Невидливите гавраништа, разбушавени црни старци со злобни челични очи, закрескаа од негде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Освен негде, на многуте дна на потсвеста, или свеста, или нигде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Белата трага на последната дневна светлост што допираше од негде го охрабри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некогаш, негде, можеби во Виена, или во Прага, или во Париз, се стрмоглавил од трапез или од жица или од ѕвезди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Под неговиот темел водата зашлапка. негде далеку, како капнати пеперуги, тихо, низ сон, умираа звуци на гитара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- А-а, развлече Благоја, не сфаќајќи. - Сакате да го оставите негде!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе