негуван прид.
негува несв.

негуван (прид.)

Не стоеше сигурно на нозе, не можеше брзо да ги завлече рацете во студените гумени ракавици; на врвовите на неговите прсти умираше еден долго негуван акорд, една музика што се губеше како шум на секнат водопад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Негувана кожа, дискретен фри шоп мирис. Полн пансион. Плукни залепи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајка им се обратила на негуван италијански јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Релативно млад човек. Црни очи. Измазнета коса. Грижливо негувани мустаќи. Блага насмевка на лицето и во очите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Многу повеќе тоа беше поради една потајно негувана верба - или можеби не дури и верба, туку само надеж дека О'Брајановата политичка исправност не е совршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше висок, со стамена става, со густи негувани црни мустаќи, со широко отворено чело.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се упатија низ холот што претставува вистинска ботаничка градина - сјае со сите зелени нијанси, со богатство на грижливо негувани растенија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко молчеше. Ја гледаше со извесна радост која се читаше и по нејзиното бело, негувано лице.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш во него како сѐ да се урна: сите страсти и соништа, сите негувани илузии, сета надеж што, во неговата претстава, требало да значи надеж, создадена делум можеби и врз основа на мојата секојдневна благост и грижа кон него.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Камчиња к'о овесни снегулки (со рибино масло испрскани) Црвеноперки од солени стапчиња презаситени (со помада од алги негувани) Острови - плочки за табла вртење (пловечки монети од времето кога боговите „писмо-глава“ си играле)
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Татко им Таки беше убав човек, со руса коса и долги светли, негувани подвиени мустаки, со сини очи и оштроумен поглед.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го набљудуваше и таткото на неговата сакана, неговиот долг, маркантен нос, неговата нежна руса коса, негуваните долги руси вешто-подвиткани мустаќи и неговите убави, големи, силни раце со кои вешто и брзо го заврши писмото ставајќи точка на крајот со едно театрално движење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Некако стигнаа до живата ограда, која години не беше негувана, па беше полна со процепи и наликуваше на дрворед од мутирани бонсаи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Цело време гледам во нив благородна вдахновеност, чинам, не денешна, ами пренесувана и љубоморно негувана од колено до колено и гледав уште искри на подбивност кон уништувачкото бреме на времето кое на овие простори истури толку омраза, лошотилак, кодошлук и подбуцнување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Набргу во рецепцијата проработи неговиот негуван француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја отворивме вратата. Пред нас стоеше непознат човек, за нас чудно облечен, со негувана црно-бела брадичка и шапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)