неморален прид.

неморален (прид.)

Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
НЕВРОЛОШКА РЕАЛНОСТ Пасивен консумент на реалноста Вештини на електронска реалност Се конформира со доминантниот Креира сопствен животен стил културен животен стил Конвенционално морален и Сензуален-сензитивен неморален Управува со сопствениот мозок; Избегнува мозочни промени; ги психоделичен прифаќа културалните модели Пасивен електронски консумент Електронски комуникациски вештини;
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас, воопшто, болката ја ценам за најнеморален белег низ еволуцијата на човекот; за најпонижувачки симбол на човековата автентичност: Бев опседнат од овие страдања и сам во ретки мигови јас се префрлав на теми и поинакви од оние кои ме измачуваа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Диктирањето на морал е неморална диктатура.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК