ненаситник м.

ненаситник (м.)

Бре, какви ненаситници сме, велеа луѓето, го истребивме езерото; се пцуеја, се обвинуваа меѓу себе, но штом ќе чуеја дека пак бучи езерото, дека пак дува југот, скокаа од сон, се будеа и трчаа крај езерото да видат да не се повторува истото чудо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно малечко биволче, еден ненаситник, еден вечно гладен, наеднаш беше ти осетил како нешто го дави во грлото.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бидејќи токму животот, и покрај многуте други задачи, ја прифатил и одговорноста да ја храни таа ненаситница - смртта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)