неодамнешен прид.

неодамнешен (прид.)

Она што го определуваше сегашниот негов однос, дојде дури отпосле, во овие неодамнешни години, и продолжуваше да ја длаби провалијата до овој врнежлив ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја има тука во миризбата на неодамнешната смрт, неверојатниот кисел вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Понатаму две неодамнешни изложби во Њујорк го зголемија обновениот интерес за Бојсовата уметност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кој ли ја краде личнотата од лицето на донеодамнешната занеслива кукла?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ме изведува од канцелариските простори во еден од големите холови на новиот објект.  „Гледате”, вели покажувајќи на едно импресивно мермерно скалило, очигледно сѐ уште под впечаток на неодамнешното отворање на Холокауст центарот, кое беше остварено со присуство на званици од голем број земји.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека ова Бургиба Јуниор го кажуваше, во свеста, како јасна потврда на кажаното, ми прелета еден неодамнешен настан во тунискиот парламент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На неодамнешната промоција на програмата на Скопскиот летен фестивал во фоајето на Македонскиот народен театар, познат македонски актер, се обиде на една средовечна директорка на библиотека да и ја објасни специфичната позиција на актерите во уметничкиот свет.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навидум, сѐ е прилично лесно, доволно е во блиска иднина трипати да излажете, но и нешто веќе да се случило во вашето неодамнешно минато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На вака гневно реагирање, ме потикнаа неодамнешните изјави на некои наши релевантни драматурзи и театролози по прашањето на застапеноста на домашниот автор во националните театарски куќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК