непечен прид.

непечен (прид.)

Има чиста кожа со боја на непечено кафе и широки црни мустаќи што му се надвиснале над влажните усни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се храни со сирова храна (зошто нема кој да му готви), грицка непечен сончоглед, голта семки, клие пченица, пие вода со магнезиум.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: кересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК