непишан прид.

непишан (прид.)

Дење и ноќе, а се разбира повеќе ноќе, на „Пигал“ се врткаат трговците на убавиот женски свет, кои нудат „уживање“ во некои од локалите и баровите кои, по некое непишано правило, се збутани под земја, обвиени во некакво темникаво црвено светло, каде што луѓето прилегаат на силуети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Националните институции имаат посебен, често непишан modus operandi во Британија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сакам да ги читам бидејќи можам да го слушам гласот на Харви во мојата глава, но сепак изгледа како да постои непишан закон за неговото ривалство со Арт Спигелман.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го преземав можеби ризично делот од непишаниот татков аманет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не постоеше закон, дури ни некој непишан закон, против посетувањето на кафеаната „ Кај костенот“, па сепак местото беше некако на лош глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стихот ме окова за себеси навестува непишан и невидлив заговор против Бог - господ, зашто, ете, се случило нешто без тој да можел да го спречи?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И сега требаше да се наруши ова непишано правило, наложено од нашата клета емигрантска судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во оваа фабрика исто така постојат правила, само што се непишани.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Но јас не само што го изневерував татковиот непишан животен диктат, туку бев длабоко замешан во глобални спорови меѓу етнички идентитети, идеологии, егзистенцијални ситуации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајките го создале тој непишан закон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Преку која непишаниот иден „трагач“ полесно ќе стигне до целта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По шпицата, презентерот чијшто лик го знаеше целата земја и кој според некое непишано правило секоја вечер погрешно ја сложуваше вратоврската со сакото, со глас што оддаваше лажна енергичност, го најави првиот прилог – киднапирање на ќерката на висок гардиски полковник од страна на нејзин колега, вработен во Секретаријатот за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)