неплатен прид.

неплатен (прид.)

Сите Македонци од српската пропаганда ќе бидат на страната на новото течење: органите на пропагандата ќе сочувствуваат тајно, а неплатените Срби ќе ја исповедуваат својата македонска народност јавно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, поради овие неплатени години од стажот, тој не може да го оствари своето право на пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За време на неплатеното отсуство на работникот му мируваат правата и обврските од работниот однос (чл. 147, ЗРО). 4.  Главната расправа е јавна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тамам стигнуваш, а пред врата те чека гужва: специјален доставувач на опомени за неплатен кредит, за струја, за вода, за телефон, за живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само еднаш. Да пробам еден капут, како божем за мене да ќе го земам, ама, не за џабе се рекло ѓаволот ни ора ни копа, па во следната секунда со крајот на окото видов како мојот ранец трча по „Румели џаде“ на Осман Бег, а јас во неплатениот капут по бабата во романска носија, со широко ромско здолниште (да не кажам сукња), претворена, чиниш, во брзата птица итрица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Башибозукот претставувал помошна војска на османската армија, главно коњаница составена од нерегуларни и командно обезглавени, разединети и неплатени војници, демобилизирани од армијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)