непожелен прид.

непожелен (прид.)

Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се најде тука и остануваше само еден непожелен дошлак среде овој мир и сеќаваше како едвај дише.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рече, дека тука некогаш била првата фабрика за обработување на дијаманти, а огледалата намерно биле поставени, за да можат преку нив да го следат движењето на непожелните „гости“ пред вратата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се бришат од сликите, со совршен систем позајмен од големите братски партии со поголемо искуство, осудените и непожелни соработници, ликвидираните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Свесно да се кажуваат лаги и истовремено искрено да се верува во нив, да се заборава секој факт што станал непожелен, а потоа, кога ќе биде повторно потребен да се извлече од заборавот за онолку време за колку што е потребно, да се одрекува постоењето на објективната стварност и за сето време да се води сметка за стварноста што се одрекува - сето тоа е неопходно потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ додека поразот значи губење на независноста, или некој друг резултат кој се сметал како непожелен, мерките на претпазливост против поразот морале да бидат сериозни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гемиџиите, за да ја елиминираат непожелната посета на комуналните органи, однапред за повеќе месеци ги исплатиле разните комунални давачки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Колеги историчари и архивисти кажуваа во разговорите меѓу себе дека така се чистени скоро сите архиви од непожелни документи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Онаа која признава само подлоги влажни и мрачни, подземја непожелни дома, избива одненадеж како пожар лази по таваните божем по одбрано небо без брзината на лебарките глувците и осите. Неприлагодена и грозоморна без митологијата на старите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или дека кремата „Бекутан“ лечи жуљеви, маасил, кожни венерични... и е малку скапа, од што дури од Турција ја носиш (а внатре во тегличето, „Кристал“ маргарин) ама само да го допреш на задникот со мрсни раце има како кутре да те следи и кај сакаш и кај што е непожелен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко цврсто веруваше дека ќе дојдат други времиња и луѓе, ослободени во толкувањето на минатото врз основа на митовите и легендите, ќе ја припитомат насилничката историја Времето брзо минуваше, а Татко и Камилски се чинеше дека сѐ повеќе се оддалечуваа од мисијата да го одредат местото на поимот курбан во листата на непожелните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко благо се насмеа на забелешката на Камилски и кимнувајќи со глава во знак на согласност, се надоврза: И бакшишот, со непожелните деривации, и митото, и корупцијата, отсекогаш го следеле и ќе го следат човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)