непознавање ср.

непознавање (ср.)

Прашав само затоа што се плашев со моето непознавање на околината да не предизвикам некои непотребни тешкотии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За примитивниот човек, природата била исполнета со сили на кои тој, поради непознавање на причинско-последичните односи во светот кои го окружувале им придавал мистично значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Странецот целото „недоразбирање“ го објаснил со непознавање на јазикот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со својата еуфорија за градење, со својата слика за себе како за творец на новата посткомунистичка, постјугословенска Македонија, како вистински романтичар, тој покажа целосно непознавање на суштината на политиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
-Човековата природа е наклонета кон свое сопствено непознавање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие се афирмација на македонската кауза и се виделина на многуте заблуди, непознавања и искривувања на епската борба на македонскиот народ за остварување на национална, социјална и културна слобода и претставуваат битка за вклучување на македонскиот народ во лигата на рамноправните народи во светот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)