непотребен прид.

непотребен (прид.)

Белките на нејзините гипсени очи слепо ме меркаа и јас се почувствував беден и непотребен на овој свет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Си се преврза Дочка со тулбенот, ја омолкна метлата, ги измете сите мутли до каде што можеше да стаса, фрли шутки, паници, опурчаци и други непотребни работи што стоеја таму со години.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тие ги исфрлија сите работи за кои мислеа дека се непотребни и така даровите слегоа на еден кожув, дванаесет рала чевли, седумнаесет разни шамии и шамивчиња, седум крпи за лице, два минтана, четири минтанчињаа, две капи, пет тулбени и две градски кошули за некои братучеди од Тиквеш коишто носеа градски алишта.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Прашав само затоа што се плашев со моето непознавање на околината да не предизвикам некои непотребни тешкотии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Значи јас сум непотребна? - Што зборуваш, Ана! - тој ѝ ја задржува раката на своето рамо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа им изгледаше излитено и непотребно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тлееше во него, чмаеше, некоја собраност да молчи, да не се прават непотребни движења, - та сите движења се сега толку непотребни, та толку е непотребно сега сѐ, - да се помине колку што се може со помалку покажување на себеси, а од тоа дури и здивот му стануваше притивнат и слаб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си збира жабурки, жабокречина жената, си клава на срце. Како понижена и непотребна, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако се јават две вери, односно ако покрај религијата се надоврзе и комунизмот, тогаш ќе настанат непотребни, уништувачки борби помеѓу луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се нашол таму умен, кој се спротивставил велејќи дека со тоа на Чанга непотребно би му се зголемил угледот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Срцевината на јаболките му била непотребна и тој ги исчистил јаболките во нашата соба, а срцевините ги фрлил во корпата за непотребна хартија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поминаа шест никому непотребни години.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Реков: „Да ви објаснам. Кога на лицето има премногу непотребни изрази, тогаш тоа лице наликува на истуткано парче хартија.
„МАРГИНА 22“ (1995)
Внатре беше полутемнина: пак (по вторпат тој ден) бевме влегле во некаков килер, во просторијата што служела за оставање непотребни нешта.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така проведена низ зоната на релативизмот политичката креација неретко станува позитивен хуманистички регулатор на животот, уметноста обична глупост и ситна перверзија потполно непотребна и бескрајно бедна активност на човекот, а мудрувањето пак чудно тивко суицидно опстанување во ништожноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Брзосметачките машини таа работа ја направија бесмислена и непотребна.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа е еднакво на испорака на другиот кој станал совршено непотребен во програмираното управување со животот, бидејќи оди во прилог на автархијата на поединечната клетка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Одлучив да молчам, да не отворам непотребно нов фронт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК