нерадо прил.
нерадосен прид.

нерадо (прил.)

Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Освен тоа, се дебелеам и стареам. Нерадо се шминкам...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дури ни луѓето од родот тамошен не знаеја што значи, и нерадо говореа за него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Свесен е дека сега повеќе би сакал да беше отстапил во овој еден случај, макар колку и нерадо, од својот правичен принцип.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)