нерасположен прид.
нерасположение ср.

нерасположен (прид.)

„Тоа беше случајно“, му рече помирливо, нерасположен за расправање. „Не сакав тоа да го сторам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тука стариот е сѐ некако нерасположен и лут.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Често го запирав погледот на учителката Вера и ми се чинеше дека и таа е нерасположена што го нема татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не одеа често на задушници во гробиштата, не ги посетуваа умрените како порано (и тие како да им се одмилуваа, како да им тежеа во сето ова неспокојство и нерасположеност); и во црквата не одеа почесто, освен на големите богослужби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дачо нерасположен и скиселен продолжуваше да спие со Ранч, а и Ранч продолжуваше со своите зајадливи боцкања: штом ќе дојдеше време да се јаде, Ранч ќе влезеше во стројот крај Дачо и зајадливо ќе му дофрлаше в уше: - Ако не дадевме ние пари за тебе, ти немаше да дојдеш ваму.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа мана, која знаеше дека е неизлечива, таа тешко ја чувствуваше, ја правеше тажна, нерасположена повлечена во себе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Гледа низ прозорецот отсутен и нерасположен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Размислуваше нерасположено за физичката содржина на животот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето се точкаа уште низ чекална, уморни и нерасположени, излегуваа на перон и пред станица, и пак се враќаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
-Тоа се наталожените наслојки на незадоволства, уцени, чуството на нерасположеност, отфрленост, инфериорност или, пак, искористеност, доживеани во раното детство, младост или подоцна, коишто оставиле силни траги врз нас – одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беа веќе уморни и нерасположени за разговор. Требаше да се спие.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога се врати од лов беше некако нервозен и нерасположен, ништо не сте успеале да уловите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Средниот брат влегол под шаторот многу нерасположен и грубо ѝ наредил на жена си да му ги собуе чизмите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На аеродромот во Истанбул беше ужасно нервозен и нерасположен.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа беше молчелива, нерасположена и дезориентирана. Околу очите имаше големи подочници, нејзиниот лик на ангел некако брзо се измени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)