несреќен прид.

несреќен (прид.)

За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна тој несреќен и кобен глас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Таа е кутрата Неда, несреќната, достојна мајка на Кузман.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако е така, тогаш што се бара од македонската интелигенција за да се олеснат несреќите на Македонците од сегашната несреќна авантура?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Пак ако не е среќа... А мислам дека не сме толку несреќни...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Златна несреќна мајкина, - велеше мајката претурајќи по ковчегот и ронејќи горешти солзи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жаклин, мојата мала незаборавена девојка, престана да се смее. Беше несреќна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Црнец! Почувствував желба да го видам несреќниот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Среќен - несреќен ти роденден - нероденден, свети оче.“ Беа пијани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Исклучиво заради мене беше несреќна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дали човекот... не, дали ти пиеше зошто си несреќен? Или крчмите те сторија несреќен? Или гладиолите и маслиновите стебла во паркот? Кажи човеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа го слушаа: „Силен сум и несреќен сум едн ден ќе поулавам и можеби сум веќе таков.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ни една несреќна ноќ не се симна по покривите без тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
I Не заврза ни еден несреќен корен без тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- За оној несреќен бедуин во пустињата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Речи ми: среќен ти несреќен пат, скитнику!“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уплашен мој. Ти си бил понесреќен и од мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК