несреќник м.

несреќник (м.)

Сврталиште на смртта и гробница на несреќници, - секавично му мина мислата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој си ја извлече главата од под одарот. Ги виде вжолтените нокти од нозете на Арсо што висеа над него. - Несреќниче! - рикна во болка и навреда Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Од каде ти, несреќнице? - се зачуди дедото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ех, несреќнице! Ти си многу, многу наивна. И не лути се, ама простичка си.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Утредента и дедо ми и дедо Иван и други некои колибари се собрале, па убаво ги закопале несреќниците. И облеката веќе им била згниена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Берберчето малку ги погледа и праша: - Кој од вас е тој несреќник? - Двајцата, - рече Шишман. Избрза.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сета таа братија беше за плачење, на човека му идеше и срамно и гнасно да ги гледа несреќниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Притоа му заповедал да го коле несреќникот така што тој, од страв, да почнел да прди, а ако овој не прдел, тогаш четникот, за казна, добивал десет стапови по газ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите бевме виновни: и оние што го бесеа несреќникот, и ние другите што не го избавивме од умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не очекувале, сепак видовитиот несреќник јасно проговорил, не можело да се сфати умира ли или зачекорува исправен и наеднаш повисок и од највисоките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Несреќникот некако си ја затнал раната на рамото со земја и здробени суви лисја тутун.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откорнатите грамади ги преземаше втората група и ги ситнеше со чекани – бараше дијаманти. ( Ако се знае дека еден грам од таа скапоценост на 15 000 тони ископан камен, лесно ќе се замисли тешкиот живот на малите несреќници).
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ти, несреќнику лажлив, остануваш и понатаму во својата беда.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во стаклен сад засветлен одвнатре, бил сместен тој несреќник од најблиската планета.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Смртта ги повикала таму, несреќницине, никој друг“, се смее тетка ти Сијка и го џвака сак'сот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам тоа беше моментот кога една несреќница се провикна: „Гледајте жени со што се храниме! И тоа на Прочка!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако фрлил 11 бомби, извадил револвер и извикал: “Еве, вака умира јунак“! Потоа несреќникот се самоубил 114.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И тој лик на несреќница која се влече по улиците, а никој не знае од што, каде и како живее, добро ни е познат од божјачката историја на нашите градови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А ако си принуден да го сториш под присила тогаш измиј си ги рацете, како оној несреќник Пилат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе