неточен прид.

неточен (прид.)

(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Милијарда неточни часовници што збунуваат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако терминот „пердуви“ го претворам во идиомот „се кити со пердув“ и го објаснам како фалбаџиство или купување по инерција, добивам „прекрасен“ резултат. Неточен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Работодавецот кој ќе го прекине работниот однос на инвалидното лице или средствата 106 ги добие врз основа на неточни податоци е должен во рок од 30 дена да ги поврати целосно средствата заедно со банкарската камата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Закони за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ – 17/11 и 166/12. 130 124 рок согласно овој закон, во пропишаниот рок не достави пријава и одјава за вработување и осигурување и пријава и одјава за упатување на работникот на работа во странство, или во овие пријави внесе неточни податоци и истите не ги запишува на начин пропишан со овој закон (чл. 2 од ЗИЗЕОТ/11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК