неутешен прид.

неутешен (прид.)

Баш така Библијата како со балсам ги слади неутешените гради ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Волците тој нов глас во нивната шума го примија отпрвин со една тишина, од која по ребрата минуваше уште поморничава неутешност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едни, по исплакувањето на Молитвена Вода, прочистени, успеваа да се вратат во крилото на семејството и во крилото на заедницата, (таквите беа оставени на мира, како ништо да не се случило со нив и во нивниот живот), други, кои и потоа, и по исплакувањето на Молитвена Вода, не успеваа да си го повратат мирот и спокојството, стануваа тихи и вовлечени во себе, чудаци, трети, длабоко неутешените, или стануваа божјаци, или одеа во манастир, или, непречени од никого, заминуваа некаде и не оставаа по себе никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Браќа, можеле да пиштат од утроба, браќа, бидете на моја страна, другиов Онисифор ќе е ваша измама додека е жив, и само темно се гледале бедни, можеби и болни од неспиење, браќа, само за еден Онисифор има место на овој пат, судете, осудувајте, бидете со мене и не ќе се покаете, и молчеле очајни како да ќе ги остават засекогаш на тоа место своите неутешни души.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старче, со чемерна замисленост повтори Доце Срменков; воздивнал неутешно, лицето му се збрчкало. - Така е, старец сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, неутешен, го оставив човекот седнат на коренот од горницата порасната на овој присоен припек каде што живеат само уште гуштери и лути змии.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Почнав да плачам и плачев долго, многу долго и неутешно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе стивнат нашите молбени гласови, ќе се крене темнината и скрбта од лицето на татка и од неутешната душа на мајка“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исчезнатиот облик, изгубениот човек умот ти го надлетува се вртиш занесено и неутешно а сенката твоја се одразува толку блиску што ти недостига растојание да си пријдеш крилјата да си ги собереш!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Црн лебед „Признајте: имате чувство на нелагодност кога ќе ме здогледате необичен, што од убост, што од суета од таа метафизика на спиралата нотниот клуч, змијата - мене, бесрамно бел - порив кон сакралното неутешна жед за созерцание - езеро милиони години сѐ тука, сѐ внатре во времето, неизглаголена глоса искубан крик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)