нечестив прид.

нечестив (прид.)

Се расчу дека името на коњот е Теофило, како на оној што му ја продаде душата на ѓаволот и со сопствена крв ја потпиша спогодбата со нечестивиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега знае дека не смеат да ја мажат, оти по првата брачна ноќ сите прсти би покажувале на нив, на децата на нечестивиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лажев, а лага не чинев, оти со сила лажев, под принуда, за да се спасам од него, од нечестивиот: му реков дека Граматикот не спие, туку дека бдение чини и молитви усрдни кон Бога, и дека невозможно е клучот да се украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем отец Мида запишал, дека не го интересирало што гледа нечестивиот во словото, и дека не застанал на местото негово, туку дека со умот и уката своја, познавајќи ги самаритјанските букви, со кои записот бил сочинет, прочитал вака, од свое место: ЖЕНО моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А реченицата прекината продолжуваше вака: „... да не може да го види ѓаволот; а едниственото место од кое тој не може да те види е неговото место; посакува, велам, човек да застане на местото негово, на местото од нечестивиот, и да види што тој гледа; а гледа сигурно слово поинакво од она што е сочинето од книгата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зарем Нечестивиот не е присутен секогаш и секаде а, притоа, ни ора ни копа! Му реков на Стефан да оди да си игра.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Духот на таа вера просто блика од делото на Ренџов, ги буди спомените за детството, ги оживува приказните за нечестивите кои само ќе ја зголемат силата на Божјото име, ги подотвора пердињата на одаите во кои течеше еден живот налик на вечност, влегува во црквите и манастирските ќелии, и талка по далечините изгазени од нозете на аџиите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко ми ја преместува печката од соба в соба Верува оти го има летото в раце Мајка ми се крсти бидејќи се сомнева дека нечестивиот управува со неговите намери “Господи летата и зимите се твоја грижа Зошто оставаш да верува дека станал чудотворец” Секогаш додека таа се моли помалиот брат се игра со нејзините зборови како маче со клопец Се враќам при татко ми токму кога ја качува печката на покривот Некој топол ветер шета околу нашата куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стани Господи, пресретни ги и собори ги; спаси ја душата моја со својот меч од нечестивиот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)