ничкоса св.

ничкоса (св.)

Тој ги дигна рацете божем лови нешто невидливо во воздухот и се ничкоса на калдрмата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Надвор во густата безживотна бара лежеше ничкосан на една страна коњот и самиот безживотен: здрвени нозе, забуцана муцка в кал, а на црвеното чело чавка со кокетно накривена глава се бара во огледалото на лилавата зеница.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И му помогнуваше, и тој, со сите оние другите, што не можеа да се преклонат во градењето на еден таков ничкосан свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во темнината лесно можеше да се ничкоса низ карпите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На сред пат лежеше ничкосан авалеџијата, но коњот летна назад да бега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој ѝ се чудеше на прикаската: удрила зла чума на царските синови и ги ничкосала, најмалиот останал жив за да се бори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе закопаш еден - двајца паднале поцрнети, ќе им ископаш гроб на тројца - десетина се ничкосале мртви, в месо им шушкаат црви, тие црви се живот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се фатил Итар Пејо за глава, пак слегол од магарето што го јавал, ја ничкосал главата и почнал да плаче, вика, туфка, аман Господи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ја земавме бебешката количка, ја ничкосавме со тркалата нагоре, со чекан и со клешти едно по едно ги откорнавме четирите тркала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пукнаа во неа и таванот, и џамовите, и ламбата и черчевињата. Се струполија, се ничкосаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Баба Петра се заџари во внуката и снаата и ничкоса глава. Која душа да одговори?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)