ништожен прид.

ништожен (прид.)

Истите лаги, истите лошотилаци, истите понижувања, истите ништожности за да се дојде до подобра карактеристика.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На таквите луѓе ни на ум не им паѓа колку се ништожни, штетни, напротив, живеат со надеж дека тие се оние заради кои сѐ уште грее сонцето. Меѓутоа, имаше и светли мигови во срцето на другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така проведена низ зоната на релативизмот политичката креација неретко станува позитивен хуманистички регулатор на животот, уметноста обична глупост и ситна перверзија потполно непотребна и бескрајно бедна активност на човекот, а мудрувањето пак чудно тивко суицидно опстанување во ништожноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жеравот се почувствувал ништожен во споредба со големите жерави. Бескрајно очаен, слетал крај реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Стоевме под натписот, бедни, мали, ништожни и гледавме во чудните, неразбирливи знаци над нас. Филозофот се насмевнуваше спокојно, загатливо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зар не гледате оти ве опкружува злоста и пакоста, ништожноста и подлоста?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нема по што да газат. Тогаш паѓаат во бездната на ништожноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се чувствуваше како ништожен оклоп, сета виталност од неа беше исцедена, а струењето на животот ѝ беше само танко прокапување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со нив ќе си ја надополнат својата ништожна и ненадарена природа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Убаво би било кога измисленото, то ест направеното ќе биде аргумент против ништожноста на нивните желби и цели.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гледајќи го својот земски бог погледни малку во бедотијата своја ништожен поданик, нималку вреден жеден за внимание, беспомошен слуга Коленичиш пред тој изрод и крвник во твојата внатрешност сѐ е пусто обезличен дух на обичен смртник со мирис на катран и горчливо чуство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ја загубивме нашата слобода кога станавме свесни за сопствената смртност, невиноста се загуши во пропаста и ништовноста на веќе и така неподносливиот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мртво се смеев на неговата маленкост. Чувствував дека знае колку си е ништожен сам на себе, па барем беше искрен во признавањето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК