нулти прид.

нулти (прид.)

Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Не можам. Нултиот час е во пет. Здраво!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нултиот час. Госпоѓа Морис се насмевна. Нулти час.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мошне е лесно човек да се навикне на австралијанското или американското живеење бидејќи се работи за нулти степен на начин на живеење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да замислиме дека големата кутија во која е ДЛА, е приклучена на позитивен електричен полнеж, и да го замислиме оригиналот, нашата кралица од центарот на шаховската табла, приклучена на нулти напон.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На друго место, Лиотар вели: Еклектицизмот претставува нулта степен на современата општа култура: луѓето слушаат реге, гледаат вестерни, ручек јадат во Мекдоналдс а за вечера јадат локални специјалитети, во Токио се мирисаат со париски парфеми и се облекуваат „ретро“ во Хонг Конг; знаењето е нешто што им припаѓа на ТВ игрите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓутоа, имаме предвид дека тргнавме од почеток - од нулта позиција - засилено работиме и ќе ја подобриме положбата. А по нас одите вие!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нулта точка На Ѓоко Апостоловски И оние врз кои паѓа и оние врз кои не паѓа светлината знаат дека секоја билка исчезнува заедно со копнежот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа е таа наша нулта точка во која се затворени сите спротивности и сили.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Принуди еден цел народ да започне од нултата степен на новата цивилизација? продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)