обајцата бр.

обајцата (бр.)

При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
– Како така? – свикаа обајцата во еден глас. – Па така. Не може. Малечок е.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беличот заклати глава: – А не, ако може обајцата, а ако не – ни еден.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сте се исплашиле обајцата и сте се фатиле гуша за гуша, а тој викал: „Пушти ме, колера имам. Ќе те заразавм!“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го извади ќесето и му ги фрли трите лири, та станаа обајцата и си дојдоа у Сукалови.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи пак обајцата овие попови придружници земаа учество во неговите работи, секој ден дедот поп им делеше и ним по нешто: по една две поскури, по едно шише винце — и тие да ја поминат света неделичка мајчичка повесело.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Под чевлите на обајцата умираа илјада штурчиња, илјада невидливи барички.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нѐ измами обајцата, ќе закркори. Обајцата ја делевме.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нѐ уби обајцата, ќе и рече. И него и мене.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се разбира, едниот од нив или обајцата заедно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зборовите како судски печат ги удираат скараните по чело и тие, обајцата, почнуваат во еден глас, јас сум чесен граѓанин и доброволен дарител на крв, јас сум нешто повеќе, редовно плаќам членарина и имам книшка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Благодарам! Довидување!“ - рекоа обајцата и тргнаа кон продавницата со колонијални стоки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Глад, олицетворена во еден ваков мршар. А зината и вистинска, како најматната понорница. Беа обајцата - глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Обајцата зборуваа за него. Сакаа да ги чуе тој, да чуе сѐ што ќе речат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го дочека Јована, си дојде и Митра од колибата за некој и друг ден и Толе една квечерина си зеде збогум од обајцата за подолго време.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
27. ЖЕНАТА ГОДИНИТЕ, МАЖОТ ПАРИТЕ ГИ КРИЕ - а обајцата не признаваат кривица своја, та можеби во бракот се зарекле тие и на ѓозбојаџиите да им продаваат боја...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи