обвивка ж.

обвивка (ж.)

Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи и некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помогни тато, шепотам, помогни ми. Но не гледам и не слушам ништо од него, освен стисокот, а и тој е невидлив, обвивка од топол воздух.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И нели е тоа причината заради која харемската мисирка безуспешно ја виткаат во најлонски обвивки кои впрочем, уште повеќе ги истакнуваат нејзините облини?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и кучешкото лаење беше замотано во цврста обвивка на поинаква смисла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога телото се движи или мирува, околу него како невидлива светлина го грее обвивката на неговата духовност – продолжи да зборува старецот. – Таму се наоѓаат сите негови доблести и негативности кои ја наградуваат неговата телесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На обвивката на едната пишуваше да се прочита по мојата смрт! Занемев!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зашто претпоставувам дека новите вработени при Министерството за „највнатрешни“ органи, во одделот за катадневно следење на „дешавките“ во дневен боравок ( 20 поени)блиска „средба“ на француски кревет (40 поени) и каква било активност во тоалет (69... поени) ќе го снимаат материјалот и... потоа и ќе ни го понудат на пазарот во форма на ЦД,убаво спакувано со обвивка на која како колаж ќе бидат претставени најбитните моменти од долго или краткометражниот филм.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи