обезглави св.

обезглави (св.)

Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Турските власти, под изговор дека тие биле почеток на слични акции во други македонски градови, како и сигнал за востание, а користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле репресалиите да ги прошират и надвор од Солун, со цел да ја обезглават Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа заговорниците биле обезглавени, а нивните акции прекинати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Обезглавувањето на пилињата беше вистинска грозомора.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Десно од нас истопорен на мермерен постамент – Коте, оној легендарен грчки паликари - јунак, кој за неколку јудашки златници со два прсти подадени од костурскиот грчки владика Каравангелис, го обезглави Лазо Поп Трајков. Котас, пишува на споменикот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)