одгледа св.

одгледа (св.)

Те одгледах и те вардех како прва рожба?!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас го одгледав и му се насмевнав. „Бегај зајко“ си помислив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас сум одгледан од организацијата и за мене довербата во неа значи - доверба во себеси.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше еден нерез, за какви што тој само слушал во приказните; такви ни шумата не може да одгледа почесто од еден во стотина години, тежок сигурно над триста килограми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ами децата? Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сосема нормално, детето може да го одгледа само неговата мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На еден состанок на големците најде за потребно отворено да праша: „Кој од нас не сака да одгледа најубаво цвеќе?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ете, погледнете што сторивме: се соочивме со вистината дека не умееме ни да ја засадиме а камоли да ја одгледаме таа наша голема, да не речам света билка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Објава повеќе драми се случуваат во мигот на обраќање зборовите ги одгледавте но срцето неприпитомливо интимно тера по свое граѓани час е кога мораме да погледнеме во мисловните спреги од нив зависи тежината на зборот климата на подрачјето на душата обновата на смислата младоста граѓани час е да се свртиме еден спроти друг со силата на љубовта во име на огнот допуштам да се размножува симболиката на Дрвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ти мислиш ја одгледа мои три ќерки и два сина тукутака?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Види, Рози, дваесет години јас обидувам одгледам модри патлиџани.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан одгледал многу пилиња, но задоволството да одгледува нови и нови, никогаш не се намали.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Асја сама го одгледа својот син Иљми кој на петнаесетгодишна возраст замина, заедно со својот вујко Виктор, на работа во Швајцарија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Идеи сервирани како топло предјадење и гарнир од заклучоци. Свежо набрани мисли, одгледани без пестициди.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Легната на кревет со неколку доктори и сестри околу себе во една приватна болница одгледав краткометражен филм со мене и моите црева во главна улога, како кратка реклама за колагенска крема и чај од нане на голем плазма телевизор... додека не ме фати анестезијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, раскажува, како нејзината ќерка, со сите квалитети во кој спаѓаат оние од кујната и дворот пред куќа, ги знае девојчето ама не вреди... никој веќе не бере гајле за штиркан чаршав што крцка под тебе и икебана од цвеќе собрано од бавча што сама си ги одгледала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никој не можеше да поверува дека ова навидум банално прашање за османскотурскиот јазик на баба Хазбије во семејството што го одгледа и подигна, со текот на годините нема да престане да нѐ следи во текот на долгите години во туѓина, Татко посебно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)