оклоп (м.)

Сакам да прикажувам под оклоп на темница, човековиот глас во такви мигови е поспокоен, повпечатлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ни шест оклопи на ноќта не ќе се доволни да го одбранат од нивните очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прв стаса капетанот. напуштен од војниците и стиснат в оклоп на нејасна тага, влезе во колибата заедно со априлската месечина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оклопот на черупката можеше во секој час да попушти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да праша дали тој шеф во таа ноќ го посетил и дали се уверил дека не е тоа за што го сметаат кога пак не го затвораат во платнен оклоп, но ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го залепи лицето на камен и се оклопи во својот отпор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го ослободија од платнениот оклоп и го внесоа во бела самица со последен совет: „Биди мирен, Исусе. За твое добро.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Под неговото длето, му се чини, подлегнува пркосен непријател во челичен оклоп и само нему му е одредено да го продупи со мечот (длетото е веќе остар меч) на човечката правда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Квечерината, со огорченост ја оставаат само одозгора изгребана, застаната како челичен оклоп пред нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неуморната трева ги прекрива нивните блескави оклопи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Истрчав од дуќанот, стегајќи го во џебот металниот оклоп на часовникот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Старчето го погледнало со очи на желка фатена во примка и со насилство задржана глава вон од оклопот. - Ми донесе ли печени компирчиња, Доце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На наддланката му лазеше пролетна бубачка под црвен оклоп, она за која се веруваше дека е предабер на гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Замешаната крв што се слева од очните дупки на јунаците во медни оклопи, додека во расечената зеница им ’рти ново семе, ја руменее реката, и бојниот извик, и претсмртниот ропец дополнуваат, заминуваат вплетени меѓу брановите – гордиот гнев на убиените што го надминале хибрисот, сега споен, белобрадиот ветеран и огненото момче, во вечната прегратка на Хароновите води.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Другиот, напола во својот сребрен оклоп, повторно застана и ја сврти главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во темната аула на хотелот во Сингапур, во улицата Бенкулен, а „НОВА рацете му исцртуваат најразлични сфери на влијание, точката на слабост која ја откри во заштитниот оклоп на некоја група на умови.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во тишината, луѓето си ги припашаа оклопите и се искачија на коњите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Витез во оклоп, на Лордот Хари! Го удривме!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што ви паѓа најмногу во очи, Ахиле, кај мојот оклоп.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе