опита св.

опита (св.)

Од чардако урва ена жана и нешчо ме опита на албанцки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вангел Русјаков пантолоните си ги местеше надвор и зејна да го опита Петрета што е тоа во што се пули, ама овој прсна на кај алето без да му остави време да ги пушти зборовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ами тука? и без него? Ќе дојде ли некој, ќе ги опита дали има што да јадат?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дојде в куќи да ја опита Марија за некои шишиња во станицата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во еден миг, срипал ко опарен и се опитал со крената глава и става сам да тргне кон непријателот, повторно да ги запее и разлее стиховите, за да ја покаже и докаже својата теорија, дури ако треба да гори во огнот на непријателот или да согори во сопствените зборови и стихови. Го спречиле во намерата другарите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се опитав да се сетам и да си одговорам, од каде се овие ѕвездоровидни суштества?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И му велам на една – мори чупо, дојди да те опитам - ти да не си наша? - Ја ваша – ми вели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секоја мајка сакаше одделно да го опита за своите дечки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И сега се потсети како лани, во доцна есен, пред да паднат големите снегови, застана скраја од патот, прашуваше двајца: - Ами, бре деци, да ве опитам?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Пролетаријат... – таа ја цедеше секоја буква - најпрвин да завршам за тоа шо почнав, а потоа јаска убао ќе ви растолкувам шо е тоа пролетаријат иако знам дека ти шо ме опита, знам дека нема да ме разбериш... - таа прекина за миг и се врати на прекинатата мисла.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)