опсада ж.
опсади св.

опсада (ж.)

Навистина, опасноста не беше наполно отстранета, но оние од опсадата не додеваа по другите села, освен на Градешница и Старавина, та животот се обнови по другите села.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А најглавното беше Бојан да издржи, да ја победи снежната опсада, да се зачува од сите зла што сакаа да го потчинат, да го скршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само десетина минути по првиот Бојанов истрел, што значеше негова победа над стравот, што значеше и надеж дека ќе истрае и ќе ги победи сите тешкотии што му ги наметнуваше осаменоста и белата опсада, од зад Гола Глава одекна грмеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакаше и нив да ги учи на месо, зашто потоа сигурно не ќе сакаат да јадат од лебот што уште го имаше, не ќе сакаат да јадат компири, што ако потраеше снежната опсада, ќе им бидат храна и нему и на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трново е град со триесетина илјади жители, еден од најстарите бугарски градови, градови, престолнината на Второто бугарско царство (од 1185 до 1396 година), а во јули 1393 година на тримесечната разурнувачка опсада паѓа во рацете на Турците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Борбите на фигурите личат на опсади,опсади на цврста тврдина, во кои одново се докажуваат неочекуваноста на акцијата против прецизноста на одбраната.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Игуменот им го покажа бунарот во дворот од црквата прокопан до самата вода на езерото, од кој, во денови на зулуми и опсади, црпеле вода за пиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Замислете, ве молам. Кога тврдина се наоѓа во положба на опсада, тогаш не ги повикуваат на гости драгите познаници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сакаме германскиот дух да го ослободиме од опсадата... (...)
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сакаме да направиме симболичен гест... Уништуваме едно туѓо владеење, ја кршиме опсадата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Општествената атмосфера наликува на атмосфера во град под опсада, во кој поседувањето на едно парче коњско месо ја прави разликата помеѓу богатството и сиромаштијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првото што се пренесе беше тоа дека бикот, носен од својата болка, го пронашол тунелот, лавиринтот низ кој во дамнина опседнатите на Калето полнеле вода од реката или по долги опсади низ тој подземен пат некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Татко, додека ѝ одговараше на загрижената Мајка, си направи брза геостратегиска калкулација во свеста: ако, на времето, Европа не го прифати отпорот на Скендербег и не му помогна во дваесет и петгодишната војна, по голе­мата опсада во тврдината Круја, и не го спаси Балканот од Отоманската Империја, тогаш сигурно ќе го прифати и ќе го поддржи некогашниот франкофон водачот Енвер Хоџа, во неговиот отпор кон советската империја, од кој ѝ се закануваше пропаста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тврдината имала тајни и добро скриени подземни ходници што овозможувале снабдување со храна и вода во случај на војна и долготрајна опсада.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И колку таа ќе ја охрабри изненадата Најиспробаната метода што треба да ја навести победата. (Упатените ја паметат опсадата на Троја. Огромниот дрвен коњ.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Безуспешно вршел опсада на Цариград.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќе