ортак м.

ортак (м.)

Бесно замавнував со копачката и го потсилував ортакот, тогаш мој, подоцна на ѓаволот. - Подлабоко, подлабоко, Кузмане.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Разочарано гледав во ортакот. - Тоа не е подземна улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На Калешка му се придружи еден ортак и тој доби кураж да си го каже своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште тука се виде дека четворицата ортаци што го нападија Турчинот не јадат леб на една софра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури помисли дека Ангеле можеби сака ортак да му биде во јатаклакот, та затоа е многу љубезен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А сега злото му беше на кланикот и нему му заповедаше да му биде ортак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Господи, господи, господи, претчувствуваше околу себе во мракот шушкави банкноти и го мразеше тој Отец Симеон, тој некаков ортак што стоеше долу сигурен и спокоен во груста сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И Патрокле (нека му ги бере гревовите ортакот) ги брои тука деновите, ги дели ноќите со виновниците и со од мајка неродените. Сѐ заради ортакот - „човек лукав и вреден“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ортакот, човек вреден, немаше работа во која да не си ги замеша прстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој слушнат турски збор од кулата му ја буричкаше бујната природа и можеше уште истиот момент да се најде на кулата и да се расправа со агите и нивните ортаци: Сивевци, Тошевци, Данабашовци, на нему својствениот начин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А во Брлевата куќа им беше згодно на сите тројца, а на Толета и Митра особено. Co така осигурен животец Толе ја преседе пролетта и секој ден беше во врска со својот стар ортак Јована Мачникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
БОЖО: Еве ти ортак, Кристина. Уметничка душа. Вашата сорта не се трезнеше, се тртеше кај ќе стигне со кого ќе стигне и прдеше на сиот нормален свет.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ортак во несреќата, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги крена очите кон мене. „Ѓаволот му е ортак на Никола Влашки“, ми довикна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над колата леташе Гавруш Гаврушевски. Со гракање ја дополнуваше песната на ортаците и трговците со ништо. Опа, опа! Пупи Паф ќе копа!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ортаците изгледаа исплашени. - Пејте, - кисело ја повтори заповедта црвеноокиот. – Не сте неми.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога пак ќе довеслаше со ортакот на тие места, и кога ќе се оствареше замисленото, тој веќе знаеше како ќе изгледа неговото приближување до брегот, што и колку ќе му земат, а што мајка му, Влаинката од Белица, колнејќи, ќе му рече кога ќе му ја соблекува мократа гуна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше полн со златни резерви, се колебаше дали да се ослободи од нив, продавајќи ги, а поради тоа што продажната цена на златото беше пониска од набавната, неговите пресметки покажуваа знаци на банкрот, па бидејќи долгот кон ортакот достигна висока сума, за Еразмо не остануваше речиси ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со дијамантот не ќе мора да работи веќе, а ќе може и да му ги отплати своите долгови на ортакот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе