особа ж.

особа (ж.)

Ѕурам бледо во неговото заруменето, растегнато лице, но тоа не му пречи да ја продолжи тирадата: - Таа беше типично мазохистички расположена особа, која сакаше да ми ги пренесе своите ставови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што да ви кажам... Ми се тресе тлото под нозете, сликите се удвојуваат, сѐ ми се чини кревко, како да ќе се сруши секој миг - зборувам како интелигентна особа која се изразува во метафори и нѐ гњави со поединости.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чудна работа ми паѓа у очи како тоа на сите јавувачи успех им стои, а толку несреќни се јавуваат кај дотичнава особа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од стабилна особа која имаше став за сѐ и знаеше што сака, станав шалабајзер што никој не го сфаќа озбилно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во капеличката можеше да влезе само една особа, таа беше можеби со димензии некаде метар на метар.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Овој концерт ѝ го посветува на една особа од овој град што ја сретна пред две години во Париз и никако не ја заборави.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)