оспорен прид.

оспорен (прид.)

Тоа го видовме за време на борбите за цивилни права каде што доминантниот поим беше оспорен од група која беше угнетувана, маргиналиризана и во голема мерка заборавена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот жалба, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните – што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на владеење на правото, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа одлука веднаш е оспорена, и важно е да се нагласи дека за неа во моментов се води спор против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, при Советот на Европа во Стразбур!5 Откако штрајкот беше и судски забранет, работниците мораше да се вратат на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)