остров (м.)

11. Најголемиот грчки остров Крит во 1897 год. успеа да добие автономна управа во границите на Отоманската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Темно е, не се гледа прст пред око и само од време на време кога светнува секавица, Мече со ужас гледа дека се возат не на чун, туку на шаварно острово ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На свое чудење, кога стана островото, Мече усети дека под нозете му зашлапа вода, а после малку време и тлото почна да се лулее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сегде во светот и за сите бруцоши со уште неизгаснати млаки контури во зениците, контури на океанските острови кон кои ги носеле нивните гусарски бродови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ме посети гувернерот на Рајските Острови.“ Шлапкањето на босите нозе разбранија сѐ околу себе - и вода и слух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тука ги исфрли бранот, на ова самотно острово со една единствена колиба и во неа девојка, дојдена од приказните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Избегал и се сокрил некаде на островот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сенката во која беа засолнети беше како остров среде море сомнителности.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дење седеше во колибата, ги следеше од внатре птиците што слетуваа на островцето да отпочинат, им го следеше летот низ воздухот, им го одредуваше местото каде навечер слетуваат да преспијат, или каде прават гнезда, и кога ќе се затемнеше, излегуваше како ноќен гуштер од колибата, се влечкаше пополека низ шеварот и трските, го слушаше тивкото прпање на птиците кои тонеа во дремка, и како орел, како аждер, им се нафрлуваше одненадеж, ги фаќаше со раката за шијата, ги стегнуваше не давајќи им да писнат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Колку мило зборува девојчено, рече старецот, гласот ѝ е како остров среде морето и како дожд во пустина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Велам: слушаш ли што шепоти морето, бели острови ти се закануваат како оган во сонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Над реката Вах во Пјештани има два моста, едниот е за сообраќај а другиот за пешаци, оној што води кон вратите на Купелниот Остров, во Пјештанските бањи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Купелниот Остров е приказна за себе. Тоа е зелена оаза, со голема ботаничка градина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И секоја година најмалку по еден месец ме пржеше грчкото сонце на некој од грчките суви острови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога го напушти островот и Илко купи едно иконче од Архангел Михајло за спомен, и благодарност.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од Франција тргна со брод за Истамбул, но зафати силна бура што го оштети бродот и се истовари на островот Крит.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе