отаде (прил.)

Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се засолнал зад едни шипје и отаде ги видел луѓето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му се товари анџијата на дуовникот и го моли да го земе Силјана на аџилак, да отаде назад како знае нека си прави.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мајка му беше перачка и татко му една година му се порадува на своето единче и се изгуби отаде океан барајќи среќа и леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Отаде одовде, а нашол коконата и, лав муабет, a дотерал донекаде работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ѝ преплашена, ги остави жените и децата во одајата и бргу отиде отаде кај своите невестински ковчези.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаше некакво претчувство како онаа долинка отаде да беше полна, нешто слично како кога се држи в рака полн орев, а знаеше дека тоа претчувство не му е потребно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Отаде се Србите и Французите, а одоваде Германците и Бугарите. Пиле не може да прелета.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еда, се напив и отаде и одаде. На три места.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој отаде, јас одаде. И се гледаме така, се срамиме, не знаеш што да проговориш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, кладов крај постелата Уљина: секира отаде и одаде, вода - отаде и одаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си мислеше тогаш Гркот дека тргна по трагите на Александар Велики и не тераа да пееме небаре нашиот чекор веќе се слуша отаде Турција и веќе ѝ се заканува на Персија и преку неа на Индија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие отаде, ние одавде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури тогаш отаде на ридот го забележавме булукот овци на Ничевци; Јошко ни свиреше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама и жена ми ја нема. Гледам само онаму отаде некоја жена, една умрена пријателка на свеска ми, си ги соголува нозете и се прави дека не ме гледа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добра се пофали дека мажот ѝ заградил убаво местенце горе на плочата, бил и во градот, ама само до некаде, односно до каде што одела право улицата отаде насипот и кога почнала да се крши лево и десно и да се меша со други, си ја свртил муцката и право надолу, гледајќи да не му се скрие оџакот на фабриката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
1 Стоеше на балконот загледан де удолу - небаре во некаква бездна, де во стеснатиот хоризонт каде што меѓу бетонските вертикали се наѕираше делче од некаков пејсаж, а нему му се привидуваше трепетот на тополите на крајот од дедовата ливада - отаде реката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе