открие св.
откриен прид.

открие (св.)

Нема место што не е осветлено од неговата блажена душа, оти на сите народи скриените тајни им ги откри разумно исповедајќи, на едни со писмо, на други со поука.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Беше, значи, голема заслуга на Хегел што ги откри тие закони, со помошта на кои може да се знае „како, во кои услови и на кој начин две спротивни ствари стануваат идентични, се развиваат и меѓусебно се обусловуваат“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Причината за развитокот и движењето на категориите па „светскиот разум“ тој никогаш не ја барал надвор од нив, туку ја откривал во самите нив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Трепетливите ковчести прсти му се смирија, лицето му се развлече во сонлива насмевка: мустаќите му се поткренаа малку и ги открија двата заба во модрината на устата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Паљо ги откри зајачките заби под белата усна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ами сте чуле ли, мори слепелници? — праша Димана Шојкарова, небарем којзнае каква новина открива.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш тој рашири насмевка на црното лице и се откри низа убави бели заби.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А тоа стана многу попросто отколку што очекуваше, едноставно, како што се забуца еднаш челичната острица во старата ленена кошула: прсна панцирот на мракот кај неговото лево рамо и откри отпрвин врелина и напнатост, потоа и млак бол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само умирав со напор барајќи ги во втората Марија твоите добрини и оживував за нови напори откривајќи во таа Марија само Марија, обична Марија. И една Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Го мачеше. Ненадејно дојде и го откри. И го мачеше.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе го најде некое дете, ќе открие во него нов свет и ќе се израдува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе