отпатува св.

отпатува (св.)

Отпатувај ако ти е мака, ако чекаш - отпатувај пак, Возот - патник во ноќната мрака ќе расфрла нов и светол траг.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Отпатувај ако ти е мака, ако чекаш - отпатувај пак.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
„Веднаш ли ќе отпатуваш?“ Го чу нејзиното прашање оддалеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ќе отпатувам“, исцеди од себе и се изнади. „Сакав само да оставам порака.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Светлоста на денот отпатува зад ридовите. Под тежината на првиот мрак, покривите се сплескаа, станаа рамни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека тие се инателе огнот отпатувал, се преселил кај соседите!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го слушаа и не му веруваа кога им рече дека можат да отпатуваат со него некаде далеку и богато да живеат; и се чудеа на неговата сигурност кога им објасни со немирни очи: „Моите пари се затворени во една каса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Патрокле, вели, јас ќе отпатувам за некој ден, ти гледај го дуќанот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога го затвори вратничето на запалената печка му текна дека оние двајца можат сега да мислат и на тоа оти ќе треба да отпатуваат сами во селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Следното утро ние отпатувавме. И никогаш повеќе не го видовме малиот коњаник и неговиот белец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во тие денови сакав да побегнам некаде од куќата, сакав да отпатувам некаде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Отпатува сонот каде што му го покажуваше патот, Отаде светите гребени на цветањето...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пролетта отпатувале и синовите. Некаде пред пролетта, со ветриштата, кога почнуваат да се топат снеговите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За прикривање, за кражби ја знаеш казната... но тој веќе не ме слушаше, не беше тука, веќе беше отпатуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едно попладне, кога бесен го клоцна инструментот, таа влезе во собата и му предложи да отпатува за некое време во колипката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Само стои и само гледа. Каменот му ја подзема мислата, му шепти, и квечерина, кога се обиде тој да си ја поткрене раката и да му одмавне на каменот забележа дека веќе неповратно отпатувал: се скаменил.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но и неговата душа се извивала во некаква празнина - тој ќе патува, а кога таа душа ќе отпатува еднаш, ненадејно како и другите души на луѓето од тоа парче на прегазениот Балкан, тој веќе не ќе патува и ќе ги заборави сите патишта на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Баба беше готова да не отпатува, толку се нажали.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе