отпуштен прид.
отпушти св.

отпуштен (прид.)

Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Просто - бев отпуштен од служба тогаш кога требаше да бидам најсреќен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не можеше да им каже: отпуштени сте...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше премрзнати прсти, кои тешко го додржуваа она, што ќе го дофатеа, и остануваа секогаш отпуштени и бессилни за да се вкопаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш сѐ беше станато сосема матно, една матеж, во која тој сега продолжуваше неумоливо да тоне, увиснат, со рацете обесени под себе, исто како некој далечен дел од него да беше отпуштен некаде назад; сега таму беше одврзано она, што досега сѐ уште можело да го држи, тоа сега се разлабави и го занесе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко лежеше во својата постела од неколку ложници од овчи штавени кожи, што го обгрнуваа неговото тело и просто како да ги извлекуваа од него сите болки на измореноста, оставајќи го издолжен и отпуштен; сосема лабав.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сосем е отпуштен од узди. Зауздај го.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ѕвонарот ги отфрли очите, ќе му паднеа како отпуштени петлици, си го протри челото, целата снага сигурно му гореше, мајко моја, тој не веруваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од таа ноќ таа сосем се измени, стана сосем поинаква, немаше веќе змиски поглед, ами мек и кроток; го немаше она напнато лице од бес и незадоволство, ами отпуштено, женствено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наутро чиновниците одат на работа во своите комитети, жените ги чуваат децата, а свеските, кои по некое чудо не се отпуштени, со напудрени носеви одат на служба во „АРА“**.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Макс Бекман поради стравотните впечатоци од болницата доживеа нервен слом, така што кон крајот на 1915 беше отпуштен од војска.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Го најдов на веб-страницата на Family Tree. Штуро. Само презимето и името и датумот кога е отпуштен од болница. Операција на слепо црево.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го погледнав. Тој стоеше подалеку од мене со рацете отпуштени крај долгите нозе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; •  што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На газдите им се проширени претходно воведените субјективни преференции при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок, а на тие работници дополнително им е намалена основицата за пресметување на испратнината!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А ако, пред истекот на овој рок, настане потреба за вршење на истите работи – предност за склучување на договор за вработување има работникот на кој претходно му 39 престанал работниот однос (чл. 98, ЗРО/05). 24 Значи, дотогашниот законски рок од две години се преполови, повторно на штета на отпуштените работници!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе