отсега прил.

отсега (прил.)

Та каква надеж отсега вам ќе ви носат дните?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како следбеник на идејата за полно одделување на нашите интереси од интересите на балканските народи и за самостојно културно-национално развивање, јас и ја напишав на централното македонско наречје, кое за мене отсега натаму има да биде литературен македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не! Ние не можеме да живееме без идеали: само нашите идеали отсега ќе треба да бидат почисти од понапрешните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слушај, Костадине! Ти си млад. Уште леташ. Ако рекол господ да ми бидеш зет, сакам отсега да бидеш поумен. Не да леташ како ластовица.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ама посиромашки, ама со голема мака, како досега и отсега ќе се бориме и ќе живееме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Отсега ги ставаш луѓево да думаат за некогаш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Да донесеше — ќе донесеше, не донесол и без нив ќе поминеме. Како досега и отсега.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како досега така и отсега: бесата бес, што викаат Арнаутите! — потврди попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како нов момок, уште неопитен во работата, ќе ти платиме отсега — Крстовден до Гурѓовден четири лири пари, рана и опинци, бидејќи има повеќе од половина година.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А на Лумана му должиш и, ако не слушаш, едно ќе те посоветувам: отсега натаму слушај го и други марифетлаци не ти требаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му одаде Павле достојно признание на палтото и ѝ кажа на жената да не го става в орман - отсега ќе го носи само покуќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе те испратам да станеш комита. И запамети: отсега имаш само еден родител: организацијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Отсега натаму, отворањето ќе биде само наша грижа. Можете да си одите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Како досега што беше и отсега ќе бидеш наш курир.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Отсега - почна русиот - оваа сенка ќе ти биде под тебе постела, вишно небо над тебе покривач, гора шума - мајка закрилница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас досега се боре како шо знае и може, а отсега еве ти а пушката и мојте другари — теслим.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако сме не можеле досега, ќе можеме отсега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе