отсее св.

отсее (св.)

За да се одбележи тој домашен настан, Султана ги засука ракавите, отсеа брашно и меси турта9).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во гумното Вендиоско житото се чукало на земја, и само се веело. Се отсејувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отсеав брашно, ги засукав ракавите, го замесив и го покрив со цедилката да кисне. Да нарасте, да стаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Девојче, врашко, девојче, Ај, да ни месиш кравајче, Без вода да го замесиш, Без оган да го испечеш И веднаш потоа со својот топол глас одговараше Калешата: Терзии, браќа, терзии, Јас ќе ви месам кравајче, Низ трепки ќе го отсеам, Со солзи ќе го замесам, На гради ќе го испечам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И се пристори дека животот и личи на грст песок: некој го зеде в дланка и го мери, го превртува, го префрлува и го отсејyвa низ прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)